Филателија - Историјат

Колекцијата се надградува и наскоро ке биде комплетна
Големина на текст: Decrease font Enlarge font

Појавата на поштенските услуги креирала проблем, кој постоел неколку децении: кој треба да ја плати поштарината - испраќачот или примачот?

Решенијата биле различни во различни земји, но доминирал обичајот примачот да плати за доставената пратка. Сепак, едно прашање останало неодговорено. Што да се прави во случај ако примачот одбие да плати? Биле направени многу обиди да се најде решение што ќе гарантира дека Поштата ќе ја наплати својата такса за направената услуга. Во Франција, сопственикот на една мала пошта, De Valayer, во 1653 година на своите муштерии им нудел мали парченца хартија на кои било испишано “потврда за платен транспорт”. Сепак, дури на 6 мај 1840 година е воведена лепливата марка како потврда за однапред платена поштарина. Британската пошта прва ја донесла одлуката за печатење и за продажба на поштенски марки. А набрзо овој метод на плаќање поштарина го прифатиле и другите земји.

 

Појавата на поштенските марки создала и нова страст - ФИЛАТЕЛИЈА.

 

Филателијата, односно собирањето и проучувањето на поштенските марки, и ден-денес е најпопуларно хоби во светот. Поштенската марка, како амбасадор на земјата-издавач, овозможува поглед во културата на земјата, нејзиното уметничко и историско наследство. Филателијата ги обединува луѓето со различни професии, политички убедувања и социјални класи, кои на ова хоби му се посветуваат заради задоволство, проширување на своето знаење, но и заради профит.

 

Македонска пошта издава три вида поштенски марки: пригодни, редовни и доплатни. Пригодните се јубилејни поштенски марки и се издаваат според програма одобрена од Владата на Република Македонија. Редовните марки циркулираат во секојдневниот поштенски сообраќај и имаат различна тематика - архитектура, етнологија итн. Доплатните марки се печатат со одлука на Собранието на Македонија, а доплатата на услугата е наменета за хуманитарни цели.

 

Гореспоменатите поштенски марки се изработуваат во Бирото за филателија при Македонска пошта, кое годишно издава од 27.000 до 30.000 поштенски марки, на 18 различни теми. Тие што имаат каталошка вредност можат да се набават на филателистичките шалтери во главните пошти во Скопје, Битола и во Струмица, како и во продавницата за филателија во Охрид. Програмата поштенски марки овозможува да се направат тематски збирки со мотиви флора, фауна, културно наследство, спорт, екологија, Европа, а најмладите имаат можност да собираат детски поштенски марки.

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Програма на поштенски марки 2013
Програма на поштенски марки 2012
Помош за корисници
  • Help
  • Kalkulator
  • Sledenje na Pratki
  • EMS